Со неа е во брак 35 години: Вака изгледа сопругата на Жељко Самарџиќ

Loading...

Жељко Самарџиќ и неговата сопруга Маја, во брак се веќе 35 години. Пејачот речиси и никогаш да ја нема покажано сопругата јавно.
Овојпат Жељко се вклучи во живо во шоуто „Премиера – викенд специјал“ и на изненадување ја спомена и покажа својата сопруга.


Самарџиќ откри дека ја напушта Црна Гора по три месеци и се враќа во Белград.
– Само што се спакував, заминувам за Белград со сопругата Маја по три месеци на море. Ни фалат пријателите. Каде и да одевме, во џебот имаме маска, и сè уште се придржувам до тоа, тоа е многу важно. Беше прекрасно на море, имаше малку дожд, денес е сончево.
Јас сум љубител на морето, сакам риболов, дружење со рибари, можно е повторно да се вратам во Котор затоа што е сезона на риболов. Многу копнеев по Белград, едвај чекам – изјави пејачот.

loading...