Со нејзиното возило удрила во автомобилот на партнерот, па со нож му ги исекла гумите

МВР информира дека денеска рано утринава во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено од стана на 44-годишен маж од тетовско дека синоќа околу 19 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: