Со новиот предлог-закон, СЈО ќе може да ги гони претседателот, амбасадорите, собраниските и владините функционери…

Министерството за правда го објави нацртот на предлог-законот за Специјално јавно обвинителство во кој има промени во однос на надлежностите за кривичните дела кои можат да бидат предмет на СЈО. Оваа институција до сега беше овластена и надлежна да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршени во периодот меѓу 2008 и 2015. година. Со измените на законот, ако стапат на сила СЈО ќе може да истражува и гони кривични дела извршени од Претседателот на Р.Македонија, поставените амбасадори и други претставници во странство и именувани лица од Претседателот, избрани или именувани функционери во и од Собранието, како и во и од Владата.
Покрај ова согласно новото законско решение, СЈО ќе има ингеренци и врз истраги во судовите, Јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје. Тука влегуваат и надлежности за прогон од страна на СЈО за кривични дела извршени од одговорни лица во политички партии против изборите и гласањето, како и од областа на животната средина и природатa, културното наследство и природните реткости, јавните финансии, платниот промет и стопанството, вооружените сили, службената должност, неовластеното оддавање информации и податоци за сведоците и други, доколку овие дела се сторени во врска со постапки кои ги води СЈО.

 

Loading...