Со обична фолија до потопол дом

Овие два евтини и практични совети ќе ви помогнат уште повеќе да го затоплите својот дом, а за тоа да не плаќате дополнителни средства. Тие што го испробале овој метод тврдат дека во станот им е дотолку потопло, што се решиле дури и да исклучат еден од радијаторите.
Совет 1
На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлективен материјал, на пример алуминиумска фолија за домаќинство или фолија за заштита од сонце на ветробранското стакло на автомобилите. Радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, па топлината ќе престане да излегува преку надворешните ѕидови и ќе се рефлектира директно во вашата просторија.


Совет 2
Вториот совет е сличен на првиот. Ставете парче алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да е однадвор, па поставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Се разбира, страната со фолијата треба да гледа кон радијаторот.
И на овој начин на топлината се одбива од површината на фолијата и се враќа во вашиот дом, место да биде апсорбирана од ѕидовите.

Loading...