Со пиво се живее поубаво и подолго

Loading...

Освен хедонистичкиот момент на уживање во пивото и неговиот одличен вкус, овој пијалок нуди многу бенефити и за нашето здравје. Умереното конзумирање на пивото придонесува за подобра здравствена состојба и го намалува ризикот од прерана смрт.
Според легендата, пивото е откриено во Египет од Озирис, богот на плодностаи земјата. Така, во дамнешни времиња, пивото не се сметало само за освежителен пијалок, туку и лек и храна.
Благодарение на неговата популарност, пивото е популарно и во поново време а уживаме во милион негови вкусови од различни региони. Денес, постојат многу научни истражувања кои посочуваат дека пивото е корисно за циркулацијата, крвниот притисок, но и нивото на холестерол во крвта.


Истражувањата на Хебрејскиот универзитет во Израел покажуваат дека поради неговиот антиоксидантен статус, пивото има поволно влијание за превенција на кардиоваскуларните заболувања. Дополнително, во 2015 година, магазинот PLOS Genetics објавува статија во која е истакнато дека пивото има позитивно влијание на долговечноста, односно дека умереното конзумирање пиво , придонесува за подолг живот.
Најновото истражување е спроведено на универзитетот во Калифорнија а кое траело цели 14 години и вкучило 1700 личности на возраст до 90 години. Според резултатите од ова истражување, оние личности кои пиеле по 2 чаши пиво дневно, се соочувале со намален ризик за прерана смрт од 18 %.
Иако се потребни дополнителни истражувања и податоци за бенефитите на овој алкохолен пијалок на нашето здравје, денес имаме причина да испиеме една (но само една) чаша пиво.

loading...