Со спектакуларен огномет дочекана Новата 2019. година во Австралија

Loading...

Австралија ја дочека Новата 2019. година, која прво пристигна на островите во Тихиот Океан, на Карибати , Самоа и Фиџи. Австралијанците овој дочек ќе го паметат и по силните дождови и невремето со молњи и грмотевици, кое ја зафати земјата на неколку часа пред дочекот на Новата година.
И покрај тоа илјадници граѓани се собраа на спектаклот во Сиднеј, каде традиционално од мостот во пристаништето беше испукан спектакуларен огномет.

 

loading...