Со што се храни најзгодната Кардашијан која има само 44 килограми

Loading...

Кортни Кардашијан важи за најзгодна во семејството – додека нејзините сестри ги зголемуваат задниците таа одржува затегната става и совршено изгледа во својата ситна градба. Сега, на чекор до 40-тиот роденден, таа призна дека има само 44 килограми и откри некои од нејзините трикови во исхраната.
– Во овој момент, мојата исхрана се базира на умереност. Се обидувам да јадам здраво кога сум дома и рамнотежата ја одржувам со здрав органски зеленчук и овошје, здрави масти и протеини. Сфатив дека тоа што го јадам влијае на сè, од мојата кожа, преку моето расположение, до нивото на енергија – објасни Кортни, а потоа наброја сè што внесува во телото во текот на денот.
– Прво пијам колаген со вода. Во текот на денот се трудам да пијам колку што е можно повеќе вода. Потоа следи смути со додатоци на протеини од рибини коски, масти со триглицериди од средниот ланец и алги. Потоа време е за храната.
За ручек сакам органска салата. Во последно време, обично ја јадам мојата салата од авокадо, варени јајца, краставици и домати.
Попладне пијам врел зелен чај и ќе грицнам нешто. Најчесто тоа е чипс. За вечера јадам печен лосос на скара или пилешко, додавам пире од карфиол. Навечер јадам и ориз – вели Кортни.
Тоа секако не изгледа многу комплицирано. Но, имајте на ум дека таа и редовно вежба.

loading...