Спасени затрупаните полски рудари

Loading...

Спасувачките служби во среда наутро ископаа тунел до 19-те рудари заробени во рударското окно во Полска и почнаа да ги извлекуваат на површината, изјави портпаролот на компанијата која управува со рудникот.„Сите 19 рудари се живи“, изјави пред новинарите Дариуш Виборски, портпарол на компанијата КГХМ.„Спасувачите успеаја да ископаат тунел, низ кој рударите излегуваат еден по еден“, додаде Виборски.Рударите беа заробени 600 метри под земја во рудникот Рудна и со нив немало никаков контакт неколку часа. Рудна се наоѓа во покраината Шлеска, околу 400 километри југозападно од главниот град Варшава.Портпаролот појасни дека рудникот бил погоден од земјотрес.„Спасувачката операција е исклучително тешка, бидејќи во потресот е одронето огромно количество материјал“, рече Виборски.Рудникот е отворен во 1974 година, а компанијата КГХМ, која е во државна сопственост, е втор по големина производител на бакар во Европа.
МакфаксСпасувачките служби во среда наутро ископаа тунел до 19-те рудари заробени во рударското окно во Полска и почнаа да ги

loading...
Loading...