Спасен еден од вчера исчезнатите Македонци во водите на Халкидики

Вчера известивме: Двајва Македонци исчезнаа во водите на Халкидики. Локалните медиуми јавија дека е во тек голема спасувачка мисија.

За жал едно од момчињата сеуште не е најдено:

Третото момче сеуште не е пронајдено и се стравува на најлошото…

Во спасувачката акција ангажирани се хеликоптери и три брода на крајбрежната стража. Во ова подрачје дува силен ветер.

Всушност тројца наши сограѓани скокнале во немирните води но еден од нив е пронајден и пренесен во болница. Пи другите сеуште се трага. Но немирните води е тешко да се совладаат.

Денеска стигнаа ДОБРИ ВЕСТИ. Еден од исчезнатите беше пронајден од страна на грчките спасувачи. Како што и самиот Иван кажал за грчките медиуми, веднаш штом бил повлечен од струите забележал како покрај него се движи воздушна топка која успеал да ја дофати и да се држи за неа цели 18 часа и благодарејќи на неа успеал да остане над водата.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.