Спас од пензионерските вторник и петок

Loading...

Помина 10 Јуни, конечно мир и за средношколците, нема повеќе вторници и петоци споделени со драгите ни постари луѓе во автобусите на ЈСП. Останатите, останувате на избегнување возење во автобуси.
Тешко беше да си средношколец, а да треба да се возиш со автобус секој ден до школо во последните две години, поточно, откога се оствари идејата баба и дедо да одат на Битпазар два пати неделно за без пари или пак да си ги видат далечните роднини што по сто години не си ги виделе…. А, дека ја сфатија можноста здраво за готово, нема збор. Човек ќе си помисли секој вторник и петок пензија делат по автобусите.
Е, ај нека им биде. Нека се возат бесплатно, нека прошетаат и тие малку. Но, каде отиде културата кај постариве луѓе. Кој се возел со нив знае. Некој ден имате улога на некоја од рачките од автобусот, некогаш сте личен психијатар, а некогаш и вреќа за боксирање. Битно никогаш ништо не задржуваат за себе.
Ќе се натоварат со сè што можат да понесат со нив, а и повеќе. Па така, во нашите нови, мини верзии од автобуси, зафаќаат простор за три лица и најчесто седишта за двајца, една за нив, една за кесите. Кога не можат да ја дофатат рачката, се држат за тебе, дека си млад и стабилен.
Сине, не ли те научија од дома на култура, зошто не ѝ стануваш  на баба да седне, стара е, има 80 и кусур години, цело пазарче го прошета….и до бесконечност. А, ти седиш со слушалките во уши, правејќи се дека не слушаш и не си заинтересиран за ништо околу тебе. Не, дека ќе постигнеш нешто. Упорноста на бабата секогаш ќе те стигне.
И дека супер ни беше секој вторник и петок, сега имаме друштво во возењето и добар муабет и секоја сабота. Затоа што постарите луѓе ги заслужуваат сите права кои можеме да им ги овозможиме, или бар по нешто ситно за да ги подзалажеме. Ама, само нив. Ние, останатите остануваме „среќно неиспривилегирани“ само ќе видиме и до кога… Конечно на некој му текна да бара бесплатен превоз и за студентите па и тие да се возат по цели денови во драгите ни и мили 2-катни автобуси.
Следно што треба да се направи е да се дозволи „гага“ славење на 50, 55 и 60 годишнина од матура во двокатниот панорама автобус за да сликата со пензионерите биде целосна… уживајте во летото и во одењето пешки на убавото време( не се мисли на денешното…)… барем до септември.

Во контекст на горенаведеното:
Помина 10 Јуни, конечно мир и за средношколците, нема повеќе вторници и петоци споделени со драгите ни постари луѓе во

loading...
Loading...