Спектакл во Битола: Пелистер и Вардар ќе играат пред полни трибини!

Утре од 19:00 часот на Тумбе Кафе под рефлектори ќе се соочат Пелистер и Вардар и како што се најавува во Битола ќе гледаме голем спектакл.

Битолскиот клуб на еден ден пред дербито објави дека стадионот е распродаден и тоа значи дека новата трибина каде што ќе бидат сместени домашните навивачи ќе биде исполнета до последното место (6000-7000 гледачи).

Исто така навивачите на Вардар најавуваат присуство во голема бројка, па може да се претпостави дека утре во Битола ќе биде и фудбалски празник. Натпреварот има големо значење бидејќи и двете екипи се во битка за опстанок.

Вардар гостува како последен на табелата со само осум бода, додека Пелистер е осми, меѓутоа има само два бода повеќе од Воска на десеттото место.

Пронајдете не на следниве мрежи: