Спектакуларно апсење пладнево кај Сопот: Приведени криумчари од кумановско, пронајдени четири лица мигранти од Куба

Денеска (31.10.2022) во 11.40 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода М.Б.(26) и С.М.(28), двајцата од с.Сопот.

Спектакуларно апсење пладнево кај Сопот: Приведени криумчари од кумановско, пронајдени четири лица мигранти од Куба

При преглед во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени четири лица мигранти од Куба, од кои еден малолетник. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.