Сперматозоидите се најактивни во зима и на почетокот од пролетта

Loading...

Есента е периодот од годината кога на свет доаѓаат најмногу бебиња, а според истражувањата на израелските научници за тоа постои и добра причина, имено сперматозоидите се најквалитетни во зимата и на почетокот од пролетта, покажува студијата објавена во магазинот American Journal of Obstetrics & Gynecology.Врз основа на примероците собрани од повеќе од шест илјади мажи, научниците утврдиле дека кај мажите кои не патат од неплодност сперматозоидите се побројни и поподвижни, како и со помалку абнормалности во текот на зимата и дека нивниот квалитет почнува да опаѓа по почетокот на пролетта.„Сезонските обрасци на квалитетот на сперматозоидите компатибилни се со зголемената веројатност на зачнувањето и може да бидат разумно објаснување на поголемиот број породувања на есен“, вели водителот на истражувањето Елиаху Левитас од универзитетот Бен Гурион во Беер-Шеви.„Доколку постојат сезонски обрасци тоа сознание може е клучно, особено за двојките кај кои постои проблем на машката неплодност и кои се мачат со неуспешни и пролонгирани лекувања на неплодноста“, вели Левитас.За потребите на истражувањето, Левитас и неговиот тим научници собрале и анализирале 6.455 примероци на семена течност. Од тој број, 4.960 имале нормална продукција на сперма, а кај 1.495 имало абнормалности, како што се намалениот број сперматозоиди во ејакулатот.Според Светската здравствена организација (СЗО – WHO), нормален е примерокот со повеќе од 16 милиони сперматозоиди по милилитри.Земајќи предвид дека е потребно 70 дена телото да произведе клетки на сперматозоиди, научниците утврдиле дека кај мажите со нормално производство на сперматозоиди квалитетот на ејакулатот е најдобар во зима.Воочено е дека кај мажите кои во зима „произведуваат“ 70 милиони сперматозоиди по милилитар, пет отсто од сперматозоидите имаат висока подвижност што ги зголемува можностите за оплодување. Истите мажи во текот на пролетта произведуваат 68 милиони сперматозоиди, а само три отсто од нив имаат висока подвижност.Кај мажите со абнормално „производство“, истиот сезонски образец не е воочен. Кај нив во есен е воочено благо подобрување на подвижноста на сперматозоидите, а најмногу нормално формирани сперматозоиди, околу 7 отсто, имаат во текот на пролетта.„Врз основа на нашите резултати, нормалните сперматозоиди најдобри ќе се покажат во текот на зимата, додека во случај на неплодноста која се однесува на намалениот број сперматозоиди најдобра сезона е пролетта или есента“, велат научниците.Сезонските обрасци на квалитетот на сперматозоидите во некои претходни истражувања се утврдени кај животните.
МакфаксЕсента е периодот од годината кога на свет доаѓаат најмногу бебиња, а според истражувањата на израелските научници за

loading...
Loading...