Специјалните обвинители тајно добивале плус една плата и за тоа морале да молчат

Loading...

Специјалните јавни обвинители добивале надоместок поради доверливоста на нивната работа околу прислушувањето на “бомбите“. Овие надоместоци понекогаш биле во висина колку и нивната редовна плата, истражува емисијата “Код“ на “Телма“.
Додатоците на платата се исплаќани по основ на договорни услуги. Токму ставката за договорни услуги е највисока во финансиските извештаи на СЈО за последните три години. Под договорни услуги се подразбираат исплати за вештачења, консултантски услуги, но и дотатоците кои се исплаќани на вработените, а кои се тајна одлука.
За договорни услуги најмногу се исплатени во 2018 година, или 2 милиони евра. Претходната година по овој основ се исплатени 1.600.000 евра од буџетот на СЈО.

loading...