Специјално дизајнирана торба за лубеница – идеална за лето кај нас

Loading...

Јапонскиот дизајнер Yusuke Kadoi успеа да дизајнира луксузна, кожена торба со само една намена – да собере точно една лубеница.
Со оглед на фактот колку многу се произведува и јаде лубеница во Македонија за време на летниот период, сметаме дека овој изум не само што е интересен, туку и многу практичен за кај нас.
Kadoi совршено ја „имитирал“ формата на торбата со помош на составување на индивидуални кожени парчиња кои потоа ги сошил.

Чантата има и силна рачка со метални копчиња со цел полесно да ја носите лубеницата, без страв дека истата ќе ви падне и ќе се стркала.
Погледнете ја совршената летна чанта која собира една лубеница, како и видеото кое одблиску го прикажува процесот на креирање.
Прашањето е – дали би ја носеле?

loading...