Споменик на Јосип Броз Тито поставен во Подгорица

Loading...

Во пресрет на 19 декември, денот на ослободувањето на главниот град на Црна Гора во Подгорица е поставен споменик на Јосип Броз Тито.
Уште на 30 октомври годинава Собранието на главниот град го усвои предлогот на градоначалникот Иван Вуковиќ во Подгорица да му биде подигнат споменик на доживотниот претседател на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито.
Вуковиќ тогаш рече дека иницијативата за подигање на споменик на Тито не претставува југоносталгија, туку доказ дека Црна Гора останува верна на антифашистичката ориентација, јавува РТЦГ а пренесува “Танјуг“.

loading...