Според новиот закон за градба новите згради ќе мораат да се приклучат на парно

Loading...

Според новиот закон за градба новите згради ќе мораат да се приклучат на парно

Бислимовски, претседателот на РКЕ, и Андреа Серафимовски, претставникот на Здружението на градители при Стопанската комора на Македонија, ја информираа јавноста дека се подготвува нов Закон за градба според кој во иднина сите нови станбени единици ќе мора да се градат со приклучок за парно.

– Во моментов според податоците кои ги добиваме од БЕГ, од 15 до 20 нови згради се направени без приклучок на системот на загревање со топлинска енергија. Тие очигледно решиле дека поекономично им е странарите да се греат на електрична енергија изјави по средбата Бислимовски.

Здружението на градители од комората веќе ги започнало преговорите со РКЕ за новиот закон, а следната недела ќе има и состанок со претставници на Министерството за транспорт и врски во креирањето на овој закон.

Дали е ова на некој начин воведување на ред во областа на градењето на станови, со оглед на тоа што доста од новите станови немаат парно воопшто останува да се види.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...