Србија бележи значителен скок на извозот

Loading...

Србија во јануари во надворешно-трговската размена остварила вкупен обем од 1,724 милијарди евра, што претставува пораст од 9,5 отсто, соопшти во средата српскиот завод за статистика.

Зголемувањето на обемот во голема мера се должи на евидентниот пораст на извозот од 19, 9 отсто, на 664,6 милиони евра, додека увозот бележи поскромен пораст од 3,8 отсто, на 1,06 милијарди евра.Ваквиот тренд довел до намалување на трговскиот дефицит од 15,3 отсто на 395,3 милиони евра.Покриеноста на увозот со извоз изнесувала 62,7 отсто, што е значително повеќе во однос на јануари 2012 година, кога изнесувала 54,3 отсто.
Макфакс
Србија во јануари во надворешно-трговската размена остварила вкупен обем од 1,724 милијарди ев

loading...
Loading...