Србија донесе закон за легализација на дивоградбите

Loading...

Скупштината (Собрание) на Србија во петокот усвои Закон за посебни услови на правото на сопственост на објекти изградени без градежна дозвола, пренесоа локалните медиуми.

Српскиот министер за градежништво и урбанизам, Велимир Илиќ очекува овој закон да овозможи запис на сопственост на 1,3 милиони објекти во Србија.Законот ќе стапи на сила утре, откако пратениците со 125 гласови „за“ потврдија дека постојат посебни услови законот да стапи на сила пред утврдувањето на осум дена од објавувањето во Службен весник, што е вообичаена процедура.Легализацијата на дивоградбите предвидено е да се одвива бесплатно, а граѓаните ќе плаќаат само за геодетска снимка, доколку ја немаат од порано.Право да го запишат имотот во катастар ќе имаат оние кои изградиле куќа до 300 метри кавдратни, станови и викендици до 200 метри квадратни, деловно простории, работилници, занаетчиски и помошни простории до 100 метри кавдратни и гаражи до 30 метри квадратни.Доколку изградениот објект е на земјиште кое е во сопственост на трето лице, се запишува само правото на сопственост на објект, без право на земјиштето на кое истиот е изграден.Законот за време на собраниската расправа го критикуваа пратениците на опозицијата, кои оценија дека предложениот закон е  неуставен, скандалозен, коруптивен и дека е во полза на тајкуните.
Макфакс
Скупштината (Собрание) на Србија во петокот усвои Закон за посебни услови на правото на сопств

loading...
Loading...