Средбата заврши, Касами вели-нема безусловна поддршка

Loading...

По денешната средба со премиерот, Зоран Заев, за консензуален претседател првиот човек на БЕСА, Билал Касами, изјави дека се разговарало за неколку опции кои ќе се разгледаат внатре во партијата пред да одлучат дали ќе му дадат поддршка на кандидатот.
Тој додаде дека поддршката на БЕСА нема да биде безусловна, односно дека ќе биде побарано тоа да биде претседател на сите граѓани, кој нема да ги дели граѓаните по етнички заедници.
“Да не биде за едните мајка, а за другите маќеа. Нашата поддршка нема да биде безусловна. Важен е пристапот, а уште повеќе човекот. Имаме повеќе опции за разгледување, важна беше и оваа опција, еден таков кандидат има шанси да добие, изјави Касами.

loading...