Средба, Заев и Црвенковски

Loading...

Премиерот Зоран Заев вчера се сретна со поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Тие двајцата разговарале околу иницијативата на Подгорочкиот клуб, да организира регионална конференција во Скопје, на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“. Конференцијата треба да се одржи на почетокот на јуни и треба да обезбеди поддршка за членство на земјите од Балканот во Унијата.
Целта на оваа конференција, како што истакна господинот Црвенковски, е да се поттикне и обезбеди поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на Европската Унија со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното одлагање на овој процес.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ја прифати поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците на настанот.
Предвидено е конференцијата да заврши со декларација, која ќе им биде испратена на лидерите на ЕУ, со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво, што би произлегле од евентуалното одлагање на овој процес.
Црвенковски е член на Подгорочкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.

 

loading...