Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Република Албанија, Илир Мета

Loading...

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво.

Република Северна Македонија и Република Албанија, беше констатирано на средбата, преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива. Двете држави, како сојузници во НАТО, даваат свој придонес и во одбраната на вредностите на евроатлантската заедница.

Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, двајцата претседатели ја констатираа потребата за деблокирање на процесот и скорешен почеток на пристапните преговори на двете држави за членство во Европската Унија, што според нив, ќе има позитивен придонес за севкупниот напредок и стабилноста на регионот.

Претседателот Пендаровски упати честитки по повод изборот на Република Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации во периодот 2022-2023 година.

Видео-материјал:

–         Инсерти https://youtu.be/QbLnBv_v6nw

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...