Средба на претседателот Пендаровски со делегации на уставните судови на Република Северна Македонија и на Република Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегации на Уставниот суд на Република Северна Македонија и на Уставниот суд на Република Бугарија.

На средбата се разговараше за севкупната соработка меѓу уставните судови на двете држави, при што претседателот Пендаровски изрази поддршка за нивните иницијативи и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу двата суда, потпишан на македонски, на бугарски и на англиски јазик.

На средбата претседателот Пендаровски посочи дека работата на уставното судство е клучно во изградбата на функционална правна држава и заштита на човековите права. На средбата се разговараше и за можноста за воведување на уставна тужба во двете држави.

Претседателот Пендаровски истакна дека Бугарија, како држава членка на ЕУ, има искуство во функционирање во сложен правен поредок и оттаму нивното искуство во соработката со Судот на правдата на ЕУ ќе биде од голема корист за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.