Средба на претседателот Пендаровски со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите на Светиот Престол (Ватикан)

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими надбискупот Пол Ричард Галагер, ватиканскиот секретар за односи со државите.

На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Светиот Престол, кои ги поврзуваат длабоки историски врски и меѓусебно разбирање, и беше изразено задоволство од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво. 

На средбата се разговараше и за тековните иницијативи во насока на унапредување на меѓусебната соработка.

Претседателот Пендаровски истакна дека католичката заедница во Северна Македонија, иако мала по бројност, е високо почитувана и е важен дел од македонското мултикултурно и мултиконфесионално општество.

Видео материјал:

Инсерти – youtu.be/OitqOuSnMOM

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.