Средба на претседателот Пендаровски со пратеници од Европскиот Парламент

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими европратениците, Тинеке Стрик и Рајнхард Бутикофер, претставници од Зелените/Групата на Европска Слободна Алијанса, од Европскиот Парламент.

На средбата беше разговарано за текот на евроинтеграциите на Северна Македонија од аспект на скрининг процесот, реформските активности што ги презема земјава и прилагодување со европското законодавство, како и за актуелните случувања во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно да се посвети посебно внимание на реформите во областа на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, и изрази очекување дека европските институции ќе дадат максимална поддршка и ќе го забрзаат процесот на пристапување на Северна Македонија со што ќе се овозможи земјава да ги почувствува конкретните придобивки во текот на преговорите.

На средбата со европратениците, претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната поддршка од  Зелените/Групата на Европска Слободна Алијанса, и посочи дека земјава е отворена за натамошна соработка

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.