Средба на претседателот Пендаровски со ученикот Вања Ѓорѓиоски од Прилеп

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Вања Ѓорѓиоски, ученик во шесто одделение од Прилеп, кој освои прво место на олимпијадата по англиски јазик Хипо (Hippo English Language Olympiad).

Во финалето на натпреварот, што се одржа од 28 до 30 септември во Рим, Италија, Ѓорѓиоски освои златен медал во категоријата „Хипо 1“ во конкуренција на 28 ученици од целиот свет.

Претседателот Пендаровски упати честитки до Ѓорѓиоски за големиот успех, постигнат во конкуренција со кандидати од 54 земји и со учество на 184 ученици во финалните рунди на натпреварувањето.

Хипо е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.