Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Килиан Вал, нов шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата се разговараше за севкупните активности на организацијата во Република Северна Македонија, актуелните случувања во државата, текот на евроинтеграциските процеси, како и за идните планови во мандатот на амбасадорот Вал.

Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на успешната соработка со мисијата, во пресрет на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, истакнувајќи ја подготвеноста на државата да даде придонес во промовирањето на вредностите на огранизацијата, во време на предизвици за европскиот контитент.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Вал му посака успешно извршување на функцијата. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.