Средба на претседателот Пендаровски со косовската претседателка Османи

Loading...

Во рамки на учеството на процесот Брдо – Бриони, во Брдо кај Крањ, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи.

Претседателот Пендаровски упати честитки до претседателката Османи за стапувањето на функцијата и изрази подготвеност за засилена соработка на највисоко ниво во следниот период.

На средбата соговорниците го реафирмираа интересот за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес и порачаа дека продлабочувањето на добрососедските односи меѓу двете земји ќе придонесе за напредокот, стабилноста и безбедноста на регионот.

Покрај ова, беа разменети мислења за актуелностите поврзани со евроинтеграцијата, процесот на вакцинација и справувањето со последиците од пандемијата на Ковид 19 во двете земји.

Од своја страна, претседателот Пендаровски ги поздрави најавите на новото косовско раководство за сеопфатна борба против организираниот криминал и корупцијата, подвлекувајќи дека таквиот процес ќе даде огромен придонес, како за развојот на Косово, така и за целиот регион.

Соговорниците разговараа и за најновите моменти на дијалогот помеѓу Косово и Србија, при што претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека тоа е дијалог помеѓу две суверени држави и дека секој постигнат резултат треба да биде насочен кон зајакнување на регионалната стабилност.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...