Средба Османи – Кулубаев

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генералното собрание на ОН, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Киргистан, Кулубаев Жинбек.

На средбата стана збор за  актуелните  глобални безбедносни предизвици, при што Кулубаев ги претстави видувањата на Киргистан во однос на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан.

Министерот Османи ги поздрави постигнатиот прекин на огнот и последователните напори за мирно решавање на кризата.

Истовремено, посочи дека Севeрна Македонија како членка на ОБСЕ Тројката и иден претседавач го поддржува ангажманот на полското претседателство и генералната секретарка за намалување на тензиите и стабилизација на состојбата

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.