Средба: Османи – Хофрајтер

Министерот за надворешни работи Бујар Османи  денес, во Скопје, одржа средба со пратеникот и претседавач на Комитетот за Европската Унија во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.

Двајцата соговорници констатираа дека Германија е клучен политички партнер на Северна Македонија, кој и натаму ќе не поддржува во реформските напори кои ги преземаат институциите во нашата држава со цел брз напредок при пристапните преговори со Европската Унија.

Хофрајтер ја повтори заложбата дека Германија ќе продолжи и во иднина со сиот свој политички и институционален капацитет да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ

Политичко – безбедносните прашања и економските предизвици со кои се соочува европскиот континент поради руската инвазија врз Украина, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста од заеднички одговор за зачувување на европската и светската  безбедност и отпорност.    

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.