Среде ноќ ќерката барала помош од својот татко – ова го затекнал во нејзината соба

Семејството Петегру од Австралија отишло на кампување на островот Моретон. Се делувало совршено, се додека таткото во 5 часот утрината не слушнал како неговата 9-годишна ќерка Габи шепоти низ стиснати заби „помош“, додека околу раката имала обвиен питон долг два ипол метри.
Малата Габи била како замрзната, а змијата ѝ била цврсто завиена околу раката. Шокираниот татко со сите сили се обидувал да го спаси детето. Се обидував да ја тргнам, таа се повеќе се припијуваше во Габи. А, потоа ги зари забите во нејзината рака“, рекол таткото.


Габи успеала да остане прибрана и покрај силната болка.
„Јас не знаев што да направам, па само инстинктивно ја фатив змијата за уста и ѝ ги раздвоив вилиците. Некако успеав да го ослободам детето од притисокот на змијата и ја пуштивме назад во шума“, раскажал таткото за медиумите.
Голема среќа е што питонот не спаѓа во отровни змии, па истрауматизираното девојче останало надвор од животна опасност, но со лузна која засекогаш ќе ја потсетува на овој морничав случај.

Loading...