Среде јули снег во Франција и Италија

Loading...

На подрачјето на Италија денеска, предвидени се обилни врнежи и силна бура. Временската прогноза која многумина ги изненади, беше само најава за уште постуденото време кое зафати поедини подрачја на големите надморски височини. Таа прогноза наговестила снег, кој е невообичаен за овој период од годината.
Иако неверојатна прогнозата се покажа како точна. На Алпите наврнале 30 сантиметри снег, пренесува италијанскиот метеоролошки портал 3Бметео. Снег има и на северозападот од Италија, на 2.702 метри надморска висина, како и во Франција, на југоистокот од земјата, на надморска висина од 2.600 метри.

loading...