Српската водителка преживеа инфаркт на одмор, а ја спаси присебноста на сопругот

Loading...

29-годишната водителка на српското реално шоу “Парови“, Јована Јеремиќ преживеала срцев удар за време на нејзиниот годишен одмор во Црна Гора. Нејзиниот сопруг, менаџерот Војо Милошевиќ веднаш ја однел во болница, каде што била задржана.
-Доживеав поблага форма на срцев удар, што за среќа, не остави никакви последици. Никогаш не помислив дека такво нешто може да ми се случи. Се сончав и читав книга, кога ми стана неподносливо топло и скокнав во морето. Одеднаш ми стана лошо, почнав да се задушувам. Страшната болка во градите ме парализираше, останав без воздух. Војо забележа дека нешто ми се случува, ме извлече од водата, ми даде вештачко дишење. Веднаш бев префрлен во болница. Ми рекоа дека станува збор за срцева слабост затоа што прегреана скокнав во студената вода. Ми ги направија сите потребни анализи и добив терапија која редовно ја пијам. Се е добро благодарение на мојот сопруг. Тој ми го спаси животот, а јас го уништив неговиот одмор, изјави Јована за “Ало“.

 

loading...