Српската пејачка се обидела да се самоубие во живо на Инстаграм откако дознала дека починал нејзиниот татко

Loading...

Јован Илиќ, таткото на контроверзната српска пејачка Дуња Илиќ починал на 21 септември, а оваа информација ја потврди нејзиниот PR тим.
-Здравствената состојба на Дуња сега е стабилна. Таткото на Дуња почина на 21 септември, а пејачката како и нејзиното семејство нема да биде достапно за јавноста. Ве молиме за почит во овие тешки моменти, се вели во соопштението.
Инаку Јован беше некогашен сопственик на фирмата „Елтим“, а во 2009-та година неговата фирма банкротираше поради блокирани сметки и долг од околу 1,7 милијарди динари.


Истиот ден кога починал нејзиниот татко инаку пејачката се обидела да се самоубие во Италија каде живее долги години, а нејзе ја пронашла полицијата по анонимна дојава. Дуња ја пронашле во несвест и веднаш реагирала и италијанската брза помош.
Претходно таа преку видео во живо на Инстаграм се обидела да им пренесе на фановите дека сака да се самоубие, а во еден момент земала и таблети кои ги испила, додека нејзините фанови се молеле да се смири и да не прави будала од себе.

loading...