Српските медиуми објаснија зошто Меркел носи кремаво сако

Loading...

Ангела Меркел денеска пристигна во Белград, каде што ја започна својата проштална турнеја низ земјите од Западен Балкан, а на аеродромот „Никола Тесла“ ја пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.
Меркел го привлече вниманието со бојата на јакната во која избра да се појави, а српски Блиц смета дека германската канцеларка сакала да им испрати одредена порака со бојата.
„И покрај фактот дека стилот на германската канцеларка не открива многу за неа, во светот на дипломатијата и деловниот протокол боите играат важна улога, а понекогаш и одредена боја на вратоврска или, во случајот на Ангела, преку палтото се испраќа одредена порака. Ако треба да се верува на таа симболика, тогаш Меркел ни носи добри вести – кремаво означува порака за мир и поддршка “, напишаа тие.
Треба да се потсети дека Вучиќ претходно изјави дека посетата на германската канцеларка е „голема чест за Србија“.
Канцеларијата на Ангела Меркел, канцелар во заминување, бидејќи Германија има парламентарни избори во септември, претходно објави дека разговорите ќе бидат фокусирани на билатералните односи, економските и политичките прашања и прашањата за европската перспектива.

loading...
Loading...