Срце, душо, маче, драга – Овие зборови ја зацврстуваат вашата врска

Loading...

Ако обично превртувате очи кога двајца заљубени ќе си се обратат еден на друг со некое име нагалено или со симпатичен прекар, како мило, драга, срце, маче, бејби… не сте единствените.

Но, ваквата навика е повообичаена меѓу двојките отколку што си мислите, а исто така е добра за врската.

Едно најново онлајн истражување на британски Superdrug Online Doctor во кое беа опфатени над 1.020 луѓе на возраст од 21 до 71 година, покажа дека 87% од испитаниците користеле или користат симпатичен прекар кога ѝ се обраќаат на саканата личност.

Користењето на нагалено име или симпатичен прекар го зголемува задоволството од врската кај 16% од американските испитаници и кај 9% од европските испитаници.

Иако во секоја земја има различни зборови за оваа намена, Американците водат во број на миловни имиња и колку често ги користат – 87% наспроти 74% кај испитаниците од Европа.

Но, дали ваквите називи и прекари се уникатни за секој партнер?

Истражувањето покажа дека 44% од мажите и 36% од жените што учествувале во истражувањето рекле дека го користеле истото нагалено име за повеќе од еден партнер.

Нагалените имиња поретко се употребуваат за време на секс отколку во секојдневен контекст меѓу партнерите.

Во овој поглед, поголема е веројатноста мажот да се обрати со „срце“, „душо“, „маче“ и слично за време на секс, отколку жените.

23% од жените никогаш не се обратиле со вакво име на партнерот во кревет, наспроти 21% од мажите.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...