Срце торта

Loading...

5 јајца
200 г шеќер
150 г мелени лешници
150 г нишесте
120 г брашно
120 г маргарин
200 г чоколадо за готвење
2 лажици масло
Изматете ги белките со половина од шеќерот. Жолчките изматете ги со маргаринот и преостанатиот шеќер. Додадете ги брашното, нишестето, лешниците и изматените белки, и измешајте ја смесата со лопатка. Нанесете ја во калап во форма на срце и печете 20 минути на 200 степени.
И ако немате калап во форма на срце не се откажувајте. Еве како може да го добиете обликот на тортата, само што треба да испечете два колача.
Изладениот колач  премачкајте го со растопеното чоколадо, ставете го на чинија за торта и декорирајте.

loading...