Станете експерт за флерт

За да бидете успешни во флертувањето потребно е да посветите внимание на контактот со очите, разговорот, говорот на телото но и на облеката.
Контакт со очи-  ако некој ви се допаѓа трудете се да го гледате во очи, потоа тргнете го накратко вашиот поглед, па повторно погледнете го. Доколку и тој го задржи подолго време погледот на вас, тоа е знак дека е заинтересиран. Бидете внимателни не упатувајте му погледи под око , бидејќи најчесто тие погледи прават другите луѓе да се чувствуваат непријатно. Особено внимавајте да не лутате со погледот низ просторијата, така изгледа дека некој барате.
Разговор- кога разговарате со некој што ви се допаѓа поставувајте прашања, на кои не би можело соговорникот да ви одговори со да или не. Важно е во текот на разговорот да откриете и нешто за себе. Но, никогаш немојте да претерувате со претставувањето на себе, затоа не зборувајте премногу за себе оставете луѓето сами да ве запознаат.
Говор на телото-  телото кажува повеќе од зборовите. Доколку сте заинтересирани за него, повемено допрете го за рамената или дланката, но внимавајте тоа треба да изгледа како да е случајно. Не треба да оставите впечаток дека сте нападни, а доколку тој е заинтересиран ќе ви ги возврати допирите.
Облека- избегнувајте ја црната боја преку ден, односно прферирајте светли бои. Најважно за облеката но и за шминката е да не носите облека и шминка со која не се чувствувате добро. Посебно внимавајте да не носите облека која покажува премногу.
 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.За да бидете успешни во флертувањето потребно е да посветите внимание на контактот со очите, разговорот, говорот на те

Loading...