Станишев го врати мандатот за составување влада

Loading...

Лидерот на Бугарската социјалистичка партија, Сергеј Станишев го врати мандатот за составување на влада, доверен од страна на претседателот Росен Плевнелиев, јави Бгнес.

Според Уставот на Бугарија, шефот на државата го врачува мандатот за составување на влада на втората по големина парламентарна група во Националното собрание, откако претходно владата предводена од ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов поднесе оставка.
„Има одлука на парламентарната група на Коалицијата за Бугарија од вчера што ме овластува да го вратам мандатот, откако претседателот ни го довери. Мора да има влада која ќе управува и која ќе ги решава проблемите на луѓето”, изјави Станишев.
Mакфакс
Лидерот на Бугарската социјалистичка партија, Сергеј Станишев го врати мандатот за составување на влада, доверен од ст

loading...