Стапчиња со кашкавал

Loading...

500 г брашно
250 г кашкавал
250 г путер
100 мл ладно млеко
1 јајце
1 жолчка
1 прашок за печиво
сол по вкус
Со рака измешајте ги брашното и путерот, додадете го прашокот за печиво и изрендајте половина од кашкавалот. Замесете тесто, во средината направете длабнатина и во неа ставете ги јајцето, жолчката, млекото и сол по вкус. Повторно измесете го тестото и поделете го на два еднакви дела. Со сукалка развлечете кори, премачкајте ги со преостанатата изматена белка и наросете го преостанатиот рендан кашкавал. Исечете стапчиња, наредете ги во тава и печете на 200 степени додека поруменат.

 

loading...