Старински колач со дуњи

Loading...

3јајца
100 г шеќер
400 г брашно
250 мл масло
3 поголеми дуњи
1 лимон
2 лажици мармалад од кајсии
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
100 г шеќер во прав
Дуњите излупете ги, изрендајте ги во сад и прелијте ги со сокот од исцедениот лимон.
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното, маслото, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, дуњите и мармаладот. Промешајте со лажица и нанесете ја смесата во намрснета тава. Печете 30 минути на 200 степени.
Откако ќе се излади наросете го колачот со шеќер во прав и исечете го на коцки.

loading...