СТАРИНСКИ КОЛАЧ СО ЦРЕШИ: Ве враќа во ДЕТСТВОТО

Loading...

Сега е сезона на цреши, и тие можат да бидат одлични и во колач.
Ова е едноставен, старомоден колач печен од нашите баби, па покрај вкусот, може да го почувствувате и мирисот на детството.
Состојки:
3 јајца
2 чаши (2,5 дл) шеќер
1 чаша масло
1 чаша јогурт
2 чаши брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво
350 гр цреши
Малку шеќер во прав (за посипување)
Подготовка:
Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот, потоа додадете го маслото и јогуртот, промешајте уште малку, а потоа додадете го брашното измешано со прашокот за пециво. Истурете ја масата во намастен и набрашнет плех за печење, а потоа наредете ги црешите без семки на тестото.
Печете на 180 степени околу четириесет минути или проверете со чепкалка за заби. Изладете го колачот и посипете со шеќер во прав.

loading...
Loading...