Старински рецепт за феноменален компот од праски кој му успева на секого

Loading...

Ви го откриваме наједноставниот рецепт за подготовка на компот од праска што му успева на секого, дури и почетници во подготовките за зима.

Покрај подготовка на џемови и замрзнато овошје, овошјето за зимски денови може да се чува во форма на компот – кога ви треба дополнителна доза на витамини.

Сè што треба да го подготвите компот се 3 кг праски, 6 лажички шеќер за 1 тегла од 750 гр и вода. 

Прво измијте ги праските, излупете ги и извадете ги семките. Ако тие се големи, исечете ги на четвртини, а потоа наредете ги во чисти тегли.

Додадете шеќер – 6 лажици за секоја тегла од 750 гр.

Истурете ладна вода, така што ќе го покрива овошјето и затворете ги теглите. Платнена крпа ставете на дното на тенџерето и наредете ги теглите, но внимавајте да не се допиратаат.

Истурете вода, така што ќе ги покрива најмалку 1 см. Кога ќе зоврие, варете 5 минути, а потоа внимателно извадете ги и оставете ги да се изладат.

Шеќерот што останува на дното постепено ќе се стопи. Од оваа количина може да наполните 6 тегли од 750 гр.

loading...