Стари документи од украинскиот државен архив говорат за храброста и борбеноста на Македонците

Loading...

Стари документи говорат за македонски полк формиран во 1759 година во Украина и за тоа колку Македонците сакале да ја продолжат борбата против Турците по долгото ропство.
По неуспешното Карпошово востание за да не им бидат убиени семејствата, голем број Македонци од Североисточна Македонија се преселиле прво во Војводина, а од таму во Украина која тогаш била дел од царска Русија. Сакајќи да ја продолжат борбата против Турците тие стапиле во редовите на редовната војска на Русија, а од нив настанал познатиот Македонски полк.
Македонскиот полк бил запаметен по храброста и борбеноста на војниците, па затоа бил постојано праќан да се бори заедно со најхрабрите руски воини, Козаците.
Сите припадници на Македонскиот полк по националност се изјасниле како Македонци, припадници на македонската нација, а доказ за тоа е овој документ од државниот архив на Украина.

извор: mkd-news.mkСтари документи говорат за македонски полк формиран во 1759 година во Украина и за тоа колку Македонците сакале

loading...
Loading...