Не е непознато дека бизнисменката, старлета и идна адвокатка, Ким Кардашијан (41) ги уредува фотографиите пред да ги објави на социјалните мрежи, но овојпат изгледа дека малку повеќе претерала.
Ким на Инстаграм споделила фотографија во син комбинезон од теретана, а покрај ненашминканото лице на Кардашијанката, поголемо внимание привлекол нејзиниот тесен струк кој се обидела да го уреди со фотошоп, но заедно со него, ја искривила и справата која се наоѓа позади неа.
Штом ја објавила вака (не)уредената фотографија, обожавателите во коментари почнале суптилно да ѝ даваат до знаење дека нешто не е во ред со фотографијата.
„Мислам дека нешто ми недостасува на фотографијата“, напишал еден следбеник, повикувајќи се на искривената справа позади неа.
View this post on Instagram
Меѓутоа, Ким подоцна објавила и Инстаграм-стори од друг агол, докажувајќи дека не дошло до грешка за време на уредувањето, туку справите сами по себе се така искривени.
Потоа се огласил друг Инстаграм корисник со коментар:
„Не знаев дека справите за вежбање се волку еластични“.