Стевче Јакимовски го откачи Мицковски, јавно ја раскина коалицијата со него…

Проблеми на кормилото на таканаречената опозиција. Се скарале Стевче и Мицковски. Како што посочи градоначалникот на Карпош работите имаат своја позадина и влечат корени наназад.

Сериозни обвинувања за Мицковски

Јакимовски открива дека Мицкоски се заканувал и вршел притисоците врз стопанственици во општина Карпош.Тој му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека за иживување треба да побара некој помлад од него и со поинаков карактер.

И уште:

„Имам поплаки за работи за кои ние како локална самоуправа сме должни да ги работиме, а има индиции дека некој се обидува да ги рекетира луѓето дури и закани кон стопанственици дека еден ден кога ќе дошле на власт дека тие ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некого кој се уште недошол на власт да се заканува.

На прес пред општината тој го изјави следново: -Не може некој да си игра со советот и со граѓаните, мораме да се спротивставиме на опструкциите истакна градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Јакимовски на денешната прес-конференција пред општина Карпош на која што стави крај на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се чини според изјавите проблемот е директно поврзан со Мицковски, затоа што Јакимовски посочи дека има коректни односи со многу членови на ДПМНЕ: – единствен виновник за ова е лидерот на опозцијата Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека тој ќе продолжи да ги извршува сите обврски кон останатите членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои остварил добри односи.

Подолу погледнете го видеото кое е објавено на неговиот личен профил:

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.