Стевчо Јакимовски ослободен од куќен притвор

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, излезе од куќен притвор во кој беше седум месеци, откако судија на претходна постапка минатата недела му ја укина мерката и му одреди мерка на претпазливост.
“Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор“, велат од судот, пренесе “Фокус“.
На Јакимовски мерката куќен притвор му беше одредена во март годинава, кога заедно со уште четири лица беше осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата “Илинденска“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: