Стигна првата пратка од 10.530 дози од вакцината Pfizer

Loading...

Министерството за здравство информира дека попладнево стигна првата пратка од вакцината Pfizer, која тоа ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против COVID-19.
-Станува збор за 10.530 дози од вакцината Pfizer, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, информираат од Министерството за здравство.
Претходно, беше најавено дека втората пратка од Pfizer со уште 10 илјади вакцини треба да пристигне на 26 април, со што нашата држава треба да добие вкупно околу 20.000 вакцини од овој производител.

loading...