Стилски модни комбинации во кои доминираат чизмите над колена

Чизмите се нашите омилени модни додатоци за време на зимите, а титулата за најатрактивен модел и оваа сезона им припаѓа на високите чизми. Модните куќи и познатите брендови нудат елегантни, моќни и впечатливи парчиња кои секоја модна комбинација можат да ја претворат во незаборавна.
Високите чизми ја издолжуваат фигурата и им одговараат на сите. Можат да се носат со лежерни дневни комбинации со џемпер и капут, но и со пософистицирани вечерни парчиња како и романтични миди фустани и здолништа.


Тие доаѓаат во сите бои, а ќе постигнете најголем ефект доколку изберете некоја повпечатлива боја како црвената. Животинскиот принт исто така може да ве издвои, а ако се решите за него, нема да згрешите со овогодишниот хит – змискиот принт.


Секако нема да погрешите ни ако се одлучите за класичниот, едноставен кожен дизајн или пак, за набран материјал. Поиграјте си со принтовите и материјалите со цел да ѝ се спротивставите на зимата бидејќи кога станува збор за чизми над колена, нема лош избор!

Loading...