Столе Стоилов е позитивен на КОРОНА ВИРУСОТ

Loading...

РК „Вардар“ дуелот со Нексе во четвртфиналето во СЕХА-лигата ќе го игра без својот капитен Столе Стоилов, бидејќи токму тој е заразениот со коронавирус, откри тренерот на црвено-црните – Стевче Алушовски.

Како што истакна Алушовски, отсуството на Стоилов ќе биде голем хендикеп за вардарци, затоа што е клучна алка во нападот, кој пак е најслаб дел од екипата, бидејќи има многу нови ракометари и потребно им е време за играта да добие на течност.

Во меѓувреме, вардарци ги очекуваат преостанатите резултати од тестовите за коронавирус, со надеж дека нема да има други позитивни и ќе можат да ги продолжат подготовките за мечот кој може да ги однесе во фајнал форот и да им овозможи шанса да го бранат трофејот.

За Алушоски, сепак, здравјето на ракометарите е најважно: „Прво тоа, па сѐ друго“, вели тој.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...